Запалени две возила во Скопје

by fokus

Запалени се два автомобили на две различни локации во Скопје. Настаните се случиле меѓу 3 и 4 часот по полноќ. Се работи за автомобили марка „голф“ и „пежо“ кои се сопственост на човекот кој е газда на познатото скопско кафуле „Кала“ лоцирано на „Ленинова“ и на неговата сестра.

Двете возила се неупотребливи. Полицијата работи на откривање на сторителите и мотивите.

Бранимир Јовановиќ од движењето Левица преку статус на фејсбук оцени дека двете запалени коли припаѓаат на „протестирачи“ од шарената револуција.

Поврзани новости