352
Кумановските пожарникари во изминатите 24 часа интервенирале во два случаи.
Како што соопштија од територијалната протипожарна единица од Куманово, во текот на вчерашниот ден, пожарникарите успеале да локализираат пожар на нива со пченица во кумановско Лопате на површина од седум декари. Од пожарот е предизвикана материјална штета која допрва ќе се утврдува.
Втората интервенција била на запалена сува трева на околу 2.000 метри квадратни во место „Говедарски Пат„ над Диво насеље. Причините за двата пожари засега се непознати.