Муслиманите денеска го слават Рамазан Бајрам

by Фокус 08:49
08:49

Муслиманите денеска го слават Рамазанскиот Бајрам, еден од двата најзначајни исламски празника. Рамазанскиот Бајрам го одбележува крајот на постот, a првиот ден од тридневниот празник почнува со утринска молитва, односно бајрам намаз.

Бајрам е празник кој го слави духовното и телесното прочистување. Започнува со посебна молитва, потоа се оди на гробишта да се посетат гробовите на предците и на блиските. За славењето на денот се приготвуваат и служат традиционалните бајрамски јадења (бајрамско месо, аландити и баклава). Празникот се слави 3 дена и за цело време се оди на честитање.

- Advertisements -

 

Поврзани новости