Запален џипот на сопственикот на сендвичарите „Вили“

by fokus

Синоќа треисетина минути пред полноќ бил запален џип на паркинг-простор на улицата „Видое Смилевски Бато“ во скопската населба Аеродром. Запалено било возило „гранд чироки“ со скопски регистарски таблички, сопственост на Г.Д. (39).

Според неофицијални извори, станува збор за џипот на сопственикот на ланецот сендвичари „Вили“, Горан Драгосановиќ. Причините и сторителите се непознати, а се шпекулира дека станува збор за лица кои барале рекет, а не го добиле.

Во пожарот зафатено било и возилото кое било паркирано до џипот, фиат уно“ со скопски регистарски таблички, сопственост на А.М. (33).

Поврзани новости