Дополнителниот заменик министер за труд и социјала, Диме Спасов вечерва учествувал во сообраќајка во која, според неофицијалните информации од МВР со службен автомобил џип туарег било удрено во неколку паркирани возила на улицата Алжирска во скопски Карпош. Информацијата за „Фокус“ неофицијално ја потврдија и од Министерството за внатрешни работи, од каде што појаснуваат дека во овој момент специјалната единица Алфи го бркаат Спасов.
Како што претходно објави Телма, во туарегот имало уште едно лице, девојка која останала на местото на несреќата. Според нивните информации, функционерот бил пијан и си заминал од местото, а џипот со кој управувал е автомобил на Агенцијата за вработување.
Веќе еден час социјалните мрежи вријат дека поранешниот министер за труд и социјала, а сегашен заменик во истото министерство учествувал во сообраќајка. На местото се присутни екипи на полицијата, како и новинарски екипи.
И.М.