МОСТ и ЦИВИЛ ќе ги набљудуваат изборите

by fokus

Во функција за спроведување фер и демократски избори, граѓанската асоцијација „Мост” започна со набљудување на изборите.

Ангажирани се околу 3 300 набљудувачи на целата територија на земјава, кои ќе го следат изборниот процес и денот на гласањето.  Заради сеопфатна оценка за текот на изборите, набљудувачите на МОСТ ќе ги следат и текот на изборната кампања, работата на изборните органи, предвременото гласање, како и процесот на одлучување по приговори.

МОСТ исто така од денеска започнува јавниот увид во Избирачкиот список, кој ќе трае до 11 ноември.

Цивил-центар за слобода ќе ги набљудува изборите со 300 акредитирани набљудувачи и 1000 граѓански набљудувачи. Претседателот на Цивил, Џабир Дерала вели дека бројот на 300 набљудувачи досега се покажал како ефикасен за квалитативно набљудување на изборниот процес.

Во  ДИК велат дека во моментов ниту една организација официјално не е пријавена за набљудување на предвремените парламентарни избори во декември. Но од следната недела ги очекуваат пријавите на домашни и странски организации, како ОБСЕ-ОДИХР, Парламентарното собрание на Советот на Европа и други.

Поврзани новости