Законот за високо образование одложен за 2016, Владата реши да разговара со засегнатите

by Фокус

Измените на Законот за високо образование, како и начинот на кој ќе се полага државната матура се одложени за септември 2016 година. Дотогаш, Владата ќе се консултира со сите засегнати страни со цел да се слушнат сите мислења и да се направат темелни консултации. Ова денеска го соошти премиерот Никола Груевски.

-Одлагањето на државната матура е затоа што од декември се пријавува матурата и имавме прекраток период за промените што сакавме да ги постигнеме, затоа што ни треба во меѓупериодот и дијалог, така што има доволен простор да се вклучат сите заинтересирани страни и да се разговара со сите, да се слушнат сите мислења и да се направат темелни консултации за на крај да се донесе најсоодветното решение, изјави Груевски.

Тој додаде дека и за Законот за високо образование ќе се направеле максимални напори да бидат вклучени сите оние на кои се однесува законот и да се слушнат сите мислења, а во заеднички консултации да се дојде до најдобрите можни решенија.

Поврзани новости