Палмите во Охрид само изгледале дека се исушени, ама не биле

by Фокус

Директорот на Македонски шуми, Жарко Караџовски, ги демантира информациите дека 20 палми во Охрид се исушени и вели дека е презадоволен како тие напредувале.

-Од процентот на палмите ние сме презадоволни, не е точно дека 20 палми се исушиле, има само шест палми исушени од преку 200 засадени. Тие се во фаза на исушување, но не се исушени, и има десетина кои некој гледајќи ги од страна може да рече дека се мртви или не знам какви, ама не е така, изјави Караџовски за А1 ОН.

Тој вели дека било нормално кога ќе засадите дрва одреден процент да се исушат и тој бил среќен ако успеат 60 отсто од дрвата.

Поврзани новости