Лустрацијата прекината, бидејќи Јордан Мијалков прислушувал?

by Фокус

Откако пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ изгласаа укинување на Законот за лустрација од први септември годинава, во јавноста се појавија шпекулации за тоа кој би можел да биде мотивот за ваквата постапка на власта. Порталот РеволуционерМк во текстот на Зоран Милошески го отвара ова прашање и како една од причините за укинувањето на лустрацијата се појавува досието на Јордан Мијалков, поранешниот министер за внатрешни работи и татко на до неодамна првиот човек на УБК Сашо Мијалков.

Имено, Јордан Петровски до Комисијата за лустрација поднел инцијатива за утврдување одговорност на вујкото на Никола Груевски, Јордан Мијалков. Како доказ, Петровски до Комисијата го доставил Решението за примена на мерката Тајна контрола на меѓународниот телефонски сообраќај спрема лицето Маноил Јаковлевски-„Мане заради, како што стои во образложението, поврзување со екстремни и милитантни припадници на партијата ВМРО-ДПМНЕ во земјата и екстремни припадници на македонското иселеништво во странство“. Решението е потпишано од тогашниот министер за внатрешни работи, Јордан Мијалков.

Претседателот на Комисијата за лустрација, Томе Аџиев, за овој случај има изјавено дека тој е процесуиран, но сега никој не знае каков е епилогот. Порталот РеволуционерМк се обратил до Аџиев и побарал одговор за случајот на Јордан Мијалков, но тој не им одговорил.

Поврзани новости