Законот за јавното обвинителство ќе се носи по скратена постапка

by fokus

Собранието денеска одлучи да се носи по скратена постапка Предлог-законот за јавно обвинителство со кој треба да се реши и идниот статус на Специјалното јавно обвинителство. За предлогот гласаа 57 пратеници.

Министерката за правда Рената Дескоска, образложувајќи ги причините зошто се предлага овој закон да се донесе по скратена постапка, изрази надеж дека сите политички партии ќе смогнат сили да гласаат за овој закон со кој ќе продолжат постапките почнати од Специјалното јавно обвинителство.

– Се надевам дека сите вие ќе смогнете сили да стиснете зелено копче за да го изгаснете пожарот во кој се наоѓаме повеќе години, а тоа ќе значи продолжување на постапките на Специјалното јавно обвинителство во кој гледаме дека имаме индиции и обвиненија за сторен криминал направен од претходната власт, но исто така имаме и ситуација во која е отворен сериозен случај, а тоа е случајот Рекет, кој исто така треба да има сериозна постапка која ќе доведе до завршување насудскиот процес. Треба да има ефикасна правда за сите без оглед на која политичка гарнитура припаѓаат.  Пред вас, дали ќе го стиснете зеленото или црвеното копче, треба да ја имате предвид иднината на нашите граѓани, рече Дескоска.

Поврзани новости