Измените на Законот за азил, кои во понеделникот поминаа на седница на Влада утре ќе се најдат пред пратениците во Собрание. За утре, во 12 часот е закажана 56-тата пленарна седница со еднинствена точка на дневен ред – Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за азил и привремена заштита, по скратена постапка.
– Актуелната состојба и околностите кои бараат брзо постапување ја наметнаа потребата за свикување на оваа посебна седница со единствена точка на дневен ред, а со цел брзо донесување на предложените законски измени – се наведува во соопштението од Собрание.
Новите измени предвидуваат мигрантите кои ќе ја поминат границата за 72 часа или да ја напуштат Македонија или да побараат азил од првиот полицаец што што ќе го сретнат, а за време на нивниот престој ќе имаат право да користат јавен превоз.