Вајгл прогнозира криза во регионот доколку пропаднат преговорите меѓу Заев и Груевски

by Фокус

-Не сакам да згрешам во мојата проценка, но прилично сум убеден дека постои потенцијал за сериозна криза која може да ги вклучи соседните земји. Од тие причини преговорите во кои учествувавме беа многу одговорно водени. Се обидовме да најдеме компромис за сите проблеми. Сметам дека процесот на преговори се уште е отворен, а ако истите пропаднат, тоа би можело да има сериозни последици не само за Македонија, туку и за регионот, рече известувачот за земјава во Европскиот парламент, Иво Вајгл, во интервју за „24 Вести“.

Вајгл повтори дека на последните преговори во Брисел една страна не била подготвена на компромис, но не сакаше да открие за која страна станува збор.

Поврзани новости