ПДП: Заев да продолжи со објавувањето на криминалот на ДУИ

by Фокус

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев доби поддршка да продолжи со објавувањето на „бомбите“ поврзани со раководството на ДУИ, за кои постојат сомнежи за политичко предавство и можен еконосмки криминал на лидерот Али Ахмети и неговите партиски слуги.

– ПДП го потикнува господин Заев да оди и подлабоко во објавувањето на организираниот криминал на функционерите на ДУИ затоа што судејќи според податоците кои се лансираат во јавноста процентот на можниот криминал не зафаќа ниту 1% од тоа што е сторено. Овие снимки се од животна важност за Албанците во Македонија затоа што тие ја потврдувале констатацијата на ПДП дека “патриотите“ околу Али ја започнале војната во 2001 год. за да станат дел од владата и на тендерите, и сега истата не ја напуштаат дури и ако биле “влечени со булдожер“ – се наведува во соопштението од ПДП.

Од таму тврдат дека „бомбите“ покажуваат дека на ДУИ и на нејзините функционери им е фатена опашката и тие се заложници на антиалбанската влада на Груевски.

– Токму затоа ПДП ја разбираше вонземиреноста последните денови на Али во врска со повторното објавување на бомбите на Заев и неговата цврста определба да се стави во функција на адвокат на “цар“ Никола – се наведува понатаму во соопштението.

Поврзани новости