Законот дозволува формирање специјално одделение во судот

by fokus

Формирањето на Специјално судско одделение надлежно за специфична проблематика е познато во светската пракса, а за него нема никакви правни пречки ниту во македонскиот правен систем, велат познавачите за Нова тв.

Уставната судијка Наташа Габер- Дамјановска во интервју за НОВА рече дека доколку се појави потреба, законот го дозволува функционирањето и основањето на судови кои се бават со одредена надлежност.

„Мислам дека Законот за судови има одредба и веќе го дозволува тоа, ако праксата го покаже тоа, можеби и би требало да се основа. Не би можела да кажам некој цврст став, бидејќи не сум внатре во институцијата, не можам од прва рака да видам како функционира, но ако нема ефективно процесуирање на предметите, тогаш најверојатно би требало“, коментираше Габер- Дамјановска.

Специјални судски одделенија се познати во светската пракса.

Целата анализа на Новатв.

 

Поврзани новости