Законите договорени од лидерите најверојатно утре ќе влезат во собраниска процедура

by fokus

Законот за финансирање на партиите и измените на законот за Влада со се „пржинска“ Влада како системско решение пред секои избори, според партиски извори во власта и опозицијата, се очекува утре да влезат во собраниска процедура, објави ТВ 24.

Според истите извори двата закони со се составот на ДИК не се исклучува уште утре да поминат и на собраниска седница.

Според извори од власта,опозицијата се откажала од барањето за измани на кривичниот закони кои се однесуваат на кривичната одговорност за финансирање на кампања.Таква опција попладнево најави и висок партиски функционер  од ВМРО ДПМНЕ.

Поврзани новости