Закажано судењето против екс генералниот директор на ЕЛЕМ, Дејан Бошковски

by fokus

На 19ти декември почнува судењето во предметот „Тарифа“ на Специјалното јавно обвинителство за незаконски тендер во АД ЕЛЕМ при набавка на софтвер, тежок околу 4 милиони евра.  Првообвинет во предметот е поранешниот генерален директор на ЕЛЕМ, Дејан Бошковски. Се товари за злоупотреба на службената положба.

Предметот е распределен кај судијката Верка Петковска, која ја водеше постапката за „Диво насеље“.

Основниот суд Скопје 1 во овој предмет ги прифати и прислушуваните разговори како докази во постапката. Осомничени се вкупно три лица.

Според СЈО постои основано сомнение дека е извршена злоупотреба на службената положба и овластување на службени и одговорни лица во постапка по јавна набавка на софвер – ЕРП Систем за потребите на АД ЕЛЕМ, при што осомничените лица со неизвршување на службената должност овозможиле правното лице – конзорциум, кое подоцна го добило тендерот, да се квалификува во втората фаза на преговарање при јавната набавка, иако немало доставено комплетна документација.

Бошковски е инаку сопруг на Билјана Бришкоска Бошковска, поранешен заменик министер за правда.

Поврзани новости