Судењето во кое на обвинителна клупа ќе седне Емил Јакимовски, поранешен вработен во Централниот регистар на РМ е закажано за 10.02.2020 година во 10:00 часот наутро, објави порталот Јанаки знае.
Првото дело кое му се става на товар обвинетиот го сторил на начин што со умисла извршил повеќе временски поврзани дејствија кои претставуваат повеќекратно остварување на истото дело, притоа искористувајќи ист траен однос и исти прилики. Тој, како поранешен сопруг на една оштетена, при вршење семејно насилство и ја загрозил сигурноста со сериозна закана дека ќе нападне врз нејзиниот живот и тело и врз животот и телото на нејзино блиско лице – нејзиниот татко.
Обвинетиот се товари дека второто дело го сторил на 10 јануари, кога по пат на информатички систем и се заканувал на оштетена дека ќе изврши кривично дело –Убиство за кое е пропишана казна затвор од најмалку пет години. Заканите ги упатувал преку пораки и мобилни апликации, па оштетената се почувствувала дека и е загрозена личната сигурност.