Безживотно тело пронајдено во Охридско Езеро кај Канео

by fokus

Безживотно тело на возрасно машко лице попладнево е пронајдено во водите на Охридското Езеро, во близина на месноста Канео во Стариот дел на градот.

Случаен минувач го забележал телото по што ги информирал службите, кои само ја констатирале смртта. Полициската истрага ќе ги утврдува идентитетот на лицето, како и околностите и причината за настапувањето на смртта.

Поврзани новости