Србија: Лани 90 напади врз новинари, 36 напади повеќе отколку во 2018 година

by fokus

Бројот на напади и притисоци врз новинари во 2019 година е зголемен во однос на претходните две години. Здружението на новинари на Србија (УНС) регистрирале 90 случаи за 2019 година во кои новинарите и медиумските работници се жалат на напади, притисоци и закани или овие инциденти биле пријавени во медиумите, соопштија од УНС.

Според нив, во 2018 година, УНС регистрирале 54 случаи на напади, притисоци и закани кон новинарите, а во 2017 година, 63 такви случаи.

Најголем пораст во однос на минатата година се случаите на закани, говор на омраза и навреди од колеги на социјалните мрежи, при што политичарите предничат, јави Бета.

Во 2018 година, УНС регистрираше шест такви закани и навреди, а во 2019 година имаше трипати повеќе – 21.

Поврзани новости