Закажана, па откажана средбата на Груби со секретарите на партиите на Албанците во врска со пописот

by Fokus

Демократската унија за интеграција изутринава најави средба на секретарот на ДУИ Артан Груби со секретарите на политичките партии на Албанците во земјава во врска со претстојниот попис. Но, само еден час подоцна од ДУИ информираа дека средбата се откажува поради, како што соопштија, непотврдување на присуството од страна на опозициските политички партии – Алијанса за Албанците и Aлтернатива.

Средбата требаше да се одржи денеска во Клубот на пратеници, со почеток во 11 часот. За денеска во 13 часот на исто место е закажана средба на премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев со лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Поврзани новости