Зајкова од Букурешт: Денес да дадеме максимална поддршка на македонската фудбалска репрезентација

by Fokus

Пратеничката и потпретседателка на ЛДП Моника Зајкова со апел денес во 18.00 часот сите заедно, обединети да им дадеме поддршка на македонската фудбалска репрезнтација на натпреварот во Романија против Австрија.

– Токму денес го живееме сонот на една генерација и сите заедно сплотени да навиваме за нашиот тим, апелира Зајкова.

Таа на својата фејсбук страна објави и фотографија од нашиот известувач од Европскиот Парламент, Илхан Ќучук преку која испраќаат порака заедно да навиваат за македонските фудбалери.

Зајкова додава: – Среќно момци, Вие сте нашите херои кои не прават горди.

Еден од натпреварувачите е и нејзиниот брат Ѓоко Зајков.

Поврзани новости