Протест против сечата на Орце Николов

by Фокус

Во организација на „Зелен хуман град“, здружена иницијатива на 12 организации и активистички групи од Скопје, денеска се одржа протест против сечењето дрва на улицата Орце Николов во скопско Дебар Маало.

-Ќе побараме одговорност од институциите, ќе побараме да ги објават јавно сите документи со кои располагаат и со кои наводно се потврдува дека зеленилото кое овде е уништено било навистина за уништување, ако сакаме да живееме во демократска земја каде што граѓаните навистина се слушаат, каде што се владее навистина во склад со сите напредни принципи, со вклученост на јавноста – порачаа на протестот.

Инаку, градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, на презентацијата на проектот во февруари 2019 година изјави во проектирањето на улицата водено е сметка за сите дрва, меѓутоа сечата пред неколку денови ја образложи со тоа дека дрвата биле заболени.

-Нема да дозволиме да помине ова туку-така, да го заташкате со неколку нови садници кои десетици години подоцна ќе почнат да ја вршат функцијата на дрвата што ги исековте. Природата не разбира за компензација. Не може плукни-залепи да правите со дрвјата како што правите со бекатонот и бетонот секој мандат – беше истакнато на денешниот протест.

Поврзани новости