Ние велиме „не“ на почетокот на преговорите, а не на членството на Северна Македонија во ЕУ, не веруваме дека во моментов тие се подготвени да ги исполнат условите за почеток на преговорите, изјави бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева за бугарската БТВ.
-Бугарија секогаш добро се однесувала кон Северна Македонија, во сите тешки моменти досега подадовме рака. Ние ќе продолжиме да им помагаме и ќе пружиме рака – рече Захариева.
Според неа, Скопје не го спроведува Договорот за добрососедство и продолжува со омраза кон Софија.
-Никој не го оспорува нивното право на самоопределување и да го нарекуваат својот јазик како што сакаат, но не се согласуваме дека тоа право на самоопределување треба да се заснова на омраза, кражба на историја и негирање на Бугарија и бугарскиот јазик. Како што тргнале, тие ќе почнат да го негираат постоењето на бугарска нација – рече Захариева.