ВМРО-ДПМНЕ успеа да победи само во неколку општини во првиот круг на локалните избори, при што најголема и најважна е Штип, каде се уште актуелниот градоначалник Илчо Захариев освои само 36 гласа разлика повеќе од неговиот противкандидат од СДСМ Благој Бочварски.
Според податоците објавени од Државната изборна комисија, Захариев освои 13.966, додека Бочварски освои 13.930 гласови, што претставува еден од најтесните резултати на овие избори за нова локална власт.
И покрај тоа што има само двајца кандидати, а излезноста изнесува скоро 70 проценти, сепак во Штип ќе се оддржи и втор изборен круг, бидејќи ниту еден од нив не освои 50 отсто плус еден глас, со оглед дека, спроед партиски информации, имало околу 800 неважечки ливчиња.
Што се однесува до гласањето за Совет во Општина Штип, СДСМ освои 498 повеќе гласови од ВМРО-ДПМНЕ (13.471 наспроти 12.973), што значи дека Захариев освоил 993 гласови повеќе од ВМРО на советничките листи, а Бочварски 459 повеќе од гласови од СДСМ на советничките листи.