Лилјана Петровиќ ја промовираше неслушната изведба на Тоше на песна од Каролина

by Fokus 11:52
11:52

На денешен ден пред десет години, во сообраќајна несреќа во Хрватска, животот го изгуби легендарната музичка ѕвезда, Тоше Проески.

Неговата менаџерка Лилјана Петровиќ, која живее во Ниш, Србија, по повод годишнината ги почести фановите со досега неслушната изведба на Тоше, на песната ,,Кад волиш’’ (,,Кога сакаш’’), од Каролина Гочева. Музиката, аранжманот и продукцијата се на Мирко Вукомановиќ, а текстот на Снежана Вукомановиќ.

- Advertising -

Пред десеттина дена, по повод десет годишнината од последниот концерт на Тоше, Лилјана за ,,Фокус’’ раскажа дека се враќа на менаџерството и започнала соработка со млад пејач, чие име ќе го откриела во јавност наскоро. ,,Кога би ги вратила стрелките на часовникот нананзад, не би сменила ништо во врска со кариерата на Тоше.

Уверена сум дека, ако не се случеше несреќата, тој денес ќе имаше светска кариера’’ – изјави Петровиќ.

Вики Клинчарова

Поврзани новости