Левица: Влеговме во советите на Скопје и Карпош

by fokus

Според податоци од Левица советничките листи на ова партија имаат успех во Скопје и Карпош каде најверојатно партијата ќе има свои претставници. Независната земјоделска листа во Росоман што доби поддршка од Левица, исто така, велат од таму, освоила едно советничко место.

„Бизнис партиите повторно победија на изборите. Сиромашните граѓани повторно слават. Сончогледите повторно одлучија која од бизнис партиите ќе биде прва. Левица ќе ја продолжи борбата за интересите на работниците, сиромашните и обесправените. Сега ќе имаме и советници во општините, па ќе можеме согласно моќта да им замрсиме некоја сметка на бизнис лобијата и градежната мафија“, напиша Здравко Савевски од Левица.

Поврзани новости