Загрозениот сведок повторно ќе сведочи за „27 април“

by fokus

Со сведочење на загрозениот сведок С1 денеска во Кривичниот суд треба да продолжи рочиштето за случајот „27 април“ во кој се обвинети вкупно 33 лица, од кои 31 лице за терористичко загрозување на уставниот поредок на државата и двајца за поттикнување.

На вчерашното рочиште кое започна во новата зграда на Кривичниот суд, јавноста беше исклучена, а поради технички причини судењето беше префрлено во стариот објект на судот. Поради расправијата меѓу судечкиот совет и адвокатите за лошите услови во старата зграда на судот, одбраната беше казнета со по 1.000 евра, по што го напуштија судењето.

Поврзани новости