Утре без вода делови од општина Центар

by fokus

Заради отстранување дефект на водоводна  цевка со пречник  ¾ цол на ул. „Христо Смирненски“ бр. 32 утре без вода ќе останат корисниците од дел од истата улица и дел од ул. „Борка Талевски“ во општина Центар.

Како што соопштуваат од РЦУК, прекинот во водоснабдувањето ќе биде од 08:00 часот до завршување на интервенцијата.

Поврзани новости