560
На голем број млади на возраст од 17 години им е ускратено правото да го завршат отпочнатиот процес за стекнување со возачка дозвола поради измените во Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата кои стапија на сила во мај оваа година, пишува „Телма“.
Со измените се укинува одредбата правото на возачка дозвола да може да се стекне со наполнети 17 години, а границата се поместува на 18 години.
Родителите бараат надлежните институции да ја преиспитаат одлуката, односно на кандидатите кои веќе отпочнале со обука со наполнети 17 години согласно стариот закон да им се овозможи да го завршат процесот.