Загинаа шест деца – експлозивна направа собрале заедно со старо железо

by Fokus

Најмалку шест ученици загинаа во експлозија на импровизирана експлозивна направа во североисточна Нигерија која децата по грешка ја собрале со старо железо, изјави денеска локален претставник.

Портпаролот на локалната влада во областа Губио изјави дека децата, на возраст меѓу 13 и 15 години, ја подигнале експлозивната направа заедно со старо железо што го складирале во недовршена зграда на исламско училиште во нигериската држава Борно, објави Ројтерс.

Портпаролот рече дека импровизираната експлозивна направа се активирала во саботата кога шест студенти сакале да ја продадат како старо железо.

Учениците на исламското училиште често собираат старо железо за продажба, пренесува Танјуг.

Поврзани новости