431
Д.Т. (36) од скопското село Ржаничино, кој управувал товарно моторно возило влекач „ДАФ“ со скопски регистарски ознаки, излетал од коловозот по што загинал.
Како што се наведува во МВР-билтенот, вчера во 18:45 часот во СВР Скопје било пријавено дека Д.Т. излетал од коловозот во скопското село Дрма, поточно на регионален пат меѓу селата Идризово и Петровец.
Возачот починал на местото на настанот. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР-Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.