Загина кавадарчанец откако излетал со трактор од локален пат

by Fokus

Вчера попладне, жител на Кавадарци го изгубил животот откако со трактор излетал од локален пат за селото Барово, пренесуваат од МВР.

„На 27.10.2020 во 16.10 часот било пријавено дека на локалниот пат кон с.Крњево, при вкрстувањето со локален пат за с.Барово, кавадаречко, трактор марка „ИМТ 533“, со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од Г.Н.(37) од Кавадарци, излетал од коловозот. Г.Н. починал на местото на незгодата. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кавадарци, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на семејството“, додаваат од МВР.

Поврзани новости