Османи: Прашањата со Бугарија нема да ги решиме ако ги ставаме под тепих!

by Fokus

Министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Бујар Османи, посочи дека Договорот за добрососедство со Бугарија не ги решава сам по себе проблемите кои се појавија во изминатиот период.

Како што истакна Османи, Договорот претставува рамка во која ќе треба да ги решат разликите помеѓу двете држави.

„Ако ги ставаме прашањата под тепих, нема да ги решиме проблемите. Ги слушаме предлозите и сметам дека полесно ќе дојдеме до решение за било кое прашање. Сите сме свесни за влогот на ова прашање. Да ги охрабриме сите страни да продолжат конструктивно. Договорот претставува рамка во која ќе ги решиме разликите. Треба да седнеме и во таа рамка да разговараме“, истакна Османи.

Поврзани новости