395
61-годишниот прилепчанец со иницијали Г.Б. им подлегна на повредите по сообраќајка на патниот правец Битола-Прилеп, која се случила вчера околу 17.50 часот во близина на бензиската пумпа.
Починатиот Г.Б. управувал со моторно возило „Опел астра“, кое се судрило со товарно возило „Форд транзит конект“ со штипски регистарски ознаки управувано од 27-годишниот П.П. од Штип.
Г.Б. се здобил со тешки телесни повреди, и бил пренесен во Општа Болница Прилеп. Неколку часа подоцна им подлегнал на повредите, велат од полицијата.
Од таму додаваат дека увид извршиле јавен обвинител и увидна екипа од Полициска станица Прилеп.