Со фантомка на глава и пиштол во рака украл 20.000 денари од колонијал

by fokus

Кражба од колонијал на улицата „Боро Менков“ во Скопје се случила вчера околу 20.40 часот. Според полицијата машко лице маскирано со фантомка на главата, вооружено со пиштол, со закана од вработените го одзел дневниот промет.

Крадецот се стекнал со околу 20.000 денари и избегал во непознат правец. Се превземаат мерки за пронаоѓање на сторителот, додаваат од МВР.

Поврзани новости