Загина 31-годишен скопјанец во тешка сообраќајка кај село Буковиќ

by Fokus

МВР информира дека вчера околу 10.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на пат од Скопје за Тетово, кај с. Буковиќ, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „фиат пунто“ со скопски регистарски ознаки управувано од Л.Р.(31) од Скопје и патничко моторно возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Д.(57) од Скопје.

Од здобиените повреди на местото починал возачот на „пунтото“ Л.Р., а смрт констатирал лекар од итна медицинска помош, додека, возачот на „голфот“, Б.Д. бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде му биле констатирани телесни повреди.

Увид на местото на несреќата извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.

Поврзани новости