Загина 29-годишно момче од Прилеп во сообраќајна несреќа кај Плетвар

by Fokus

Загина 29-годишно момче од Прилеп во сообраќајна несреќа вечерва на патот Градско-Прилеп.

Како што објави ТВ21, во несреќата учествувале возило со прилепски таблички и цистерна, при што дошло до директен судир.

Сообраќајот на патот е во прекин од 18 часот и формирана е огромна колона на возила.

Ова е втора тешка сообраќајка за три дена. Претходно се случи сообраќајка на истата делница, по која 20-годишно момче се бори за живот на скопските клиники.

Поврзани новости