247
Владата во Франција повика на смиреност по смртта на 16-годишно момче, чиј мотор се судрил со полициски автомобил во Париз.
Обвинителите ги истражуваат полициските наводи дека тинејџерот не застанал додека го возел својот мотокрос-велосипед по тротоарот и притоа бегал, па удрил во полициско возило кое му го пресекло патот.
Двајца полицајци се во притвор во очекување на истрага за убиство од небрежност. Тинејџерот починал во болница од повредите што ги добил во судирот.
Пред два месеца француската полицијата застрела и уби 17-годишник со северноафриканско потекло на сообраќаен застој во париското предградие Нантер. Тој инцидент предизвика петдневни немири и грабежи во целата земја.