167
Тешка сообраќајна несреќа со смртни последици се случила вчера во кратовско. Трактор управуван од 61-годишно лице, се превртел, по што возачот починал на лице место.
„На 02.08.2025 во 09:00 часот во ОВР Кратово било пријавено дека во село Крилатица, кратовско, се превртел трактор што го управувал Д.И.(61) од село Куклица, по што возачот починал на местото на настанот. Известен бил јавен обвинител, а увид извршила екипа од ОВР Кратово.“, стои во соопштението на МВР.