Заев зборувал со Волерс за тужбата од Груевски

by Фокус

Шансите за евро – атлантска перспектива на Македонија, неопходноста од демократски  капацитети  за  решавање  на  проблемите  во  државата  и состојбата со меѓуетничките односи во земјава биле темите на разговор на денешната средба на претседателот на СДСМ, Зоран Заев и генералниот секретар, Оливер Спасовски со американскиот амбасадор, Пол Волерс.

Како што информираат од СДСМ, на  средбата станало збор и за  функционирањето на судскиот систем во Македонија, како и за тужбата на Никола Груевски против претседателот Зоран Заев.

„Заев  изрази  очекување  дека  власта  ќе  ја  сфати одговорноста што ја има, посебно пред есенскиот извештај на Европската комисија  и дека ќе ги прифати предлозите на СДСМ за надминување наполитичката криза. СДСМ останува цврсто на ставот дека нема да се врати во Парламентот додека  се  постигне  договор  по  сите  5  барања  на  опозицијата.  Клучен останува договорот за  споделена одговорност на власта и опозицијата заобезбедување услови за спроведување на договореното по 4-те точки и заслободни  и  фер  избори,  што  СДСМ  предлага  да  се  реализира  преку формирање техничка влада. Суштинско  во  овој  предлог  е  власта  да  не  ги  има  под  своја  контрола ресорите преку коишто спроведува системска контрола  и притисоци врзгласачите, кои немаат можност слободно да ја изразат својата волја“, стои во соопштението на најголемата опозициска партија.

Поврзани новости