Македонец „тепал“ фока во Хрватска – стана скандал на Балканот.

by lali

На почеток, читајќи ги насловите од нашите портали, имав на ум дека нашинец намерно претепал фока и го заслужил целиот тој напад што го доби од медиумите и социјалните мрежи. Иако за момент испадна како најголем угнетувач на животни, видеото сведочи дека „нападот“ не бил толку скандалозен и насилен. На видеото може да се види дека човекот со сета своја наивноста и незнаење дека не смее да ги вознемирува фоките (кои се заштитени со закон) се обиде да го погали животното кое беше дојдено на брегот.

Од целава оваа случка, една работа ми остана на ум. Онаа која @M_R_Miyagi  на твитер добро ја посочи. „Не сум изненаден од македонските портали туку од самодеструктивната желба да напраиме пуздер некого шо демек не усрамил пред светот.“

Сега верувам дека фоката мирно спие, а дали е така и за нашинецот останува да се надеваме, па затоа во името на сите, без да ве прашам за дозвола, му се извинувам за сите негативните коментари и напади кон него.