Шансите за евро – атлантска перспектива на Македонија, неопходноста од демократски капацитети за решавање на проблемите во државата и состојбата со меѓуетничките односи во земјава биле темите на разговор на денешната средба на претседателот на СДСМ, Зоран Заев и генералниот секретар, Оливер Спасовски со американскиот амбасадор, Пол Волерс.
Како што информираат од СДСМ, на средбата станало збор и за функционирањето на судскиот систем во Македонија, како и за тужбата на Никола Груевски против претседателот Зоран Заев.
„Заев изрази очекување дека власта ќе ја сфати одговорноста што ја има, посебно пред есенскиот извештај на Европската комисија и дека ќе ги прифати предлозите на СДСМ за надминување наполитичката криза. СДСМ останува цврсто на ставот дека нема да се врати во Парламентот додека се постигне договор по сите 5 барања на опозицијата. Клучен останува договорот за споделена одговорност на власта и опозицијата заобезбедување услови за спроведување на договореното по 4-те точки и заслободни и фер избори, што СДСМ предлага да се реализира преку формирање техничка влада. Суштинско во овој предлог е власта да не ги има под своја контрола ресорите преку коишто спроведува системска контрола и притисоци врзгласачите, кои немаат можност слободно да ја изразат својата волја“, стои во соопштението на најголемата опозициска партија.