Заев: Завршивме 80 отсто од гасификацијата, проект кој се одолговлекуваше речиси 20 години

by Fokus

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев преку својот профил на Фејсбук порача дека капиталните инвестиции во Северна Македонија одат забрзано.

Исто така, тој додаде дека изминатата и оваа година се завршиле 80 отсто од примарната и секундарната гасификација.

Капиталните инвестиции продолжуваат со забрзана динамика. Градиме инфраструктура за сите – ја спроведуваме долгорочната…

Publiée par Zoran Zaev sur Mardi 9 juin 2020

„Капиталните инвестиции продолжуваат со забрзана динамика. Градиме инфраструктура за сите – ја спроведуваме долгорочната стратегија за изградба на инфраструктура која ќе се остане и за идните поколенија, дури и во вонредни околности

Интензивно се работи на локалната инфраструктура во фаза во која е отпочната изградба на дополнителни 500 км водоводи и канализации.

Северна Македонија во 2019 и во 2020 во услови на корона криза, заврши 80% од примарната и секундарната гасификација, проект кој се одолговлекуваше речиси 20 години“, истакна Заев.

Поврзани новости