377
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев е задоволен од изборот на Катица Јанева на функцијата специјален јавен обвинител.
– Специјалниот обвинител има целосно автономно право тој да ги предлага и во број и како кандидати обвинителите, има целосно отворен буџет на располагање, секако со логично правдање без какви било лимити и за кадровски и за технички персонал, но и за анализи, странски експертизи, односно, се што е потребно. Меѓу другото, специјалниот обвинител има мандат од 4 години со право на реизбор – вели Заев во изјава за Радио Слободна Европа.