Во 12 часот студентите ќе одржат „прв пленумски час“ на платото на УКИМ

by Фокус

Студентски пленум денеска во 12 часот, на платото на УКИМ, организира настан „Прв пленумски час“ кој има за цел да ги дочека бруцошите и да им ги предочи проблемите и предизвиците кои допрва ги очекуваат.

-Започнува академската година и со тоа продложува нашата студентска борба! Во 12 часот на платото ќе ве поздрават пленумците, со тоа што ќе ви посакаме добредојде бруцоши. Ќе бидеме колегијални и ќе ви ги предочиме проблемите со кои ќе се соочувате секојдневно низ своето студирање, проблемите кои не се сериозно адресирани, но заедно со ваша сила ќе ги менуваме. Студентски пленум не седи сокриен во канцелариите како некои нелегитимни студентски т.н. организации, туку е секогаш отворен за студентите полни со нови идеи, ставови и желба за промена. Активирај се! Студентизирај се! Приклучи се! – се наведува во повикот на Студентскиот пленум.

Поврзани новости