(ВИДЕО) Десет години Алсат М телевизија

by Фокус

Во присуство на видни личности од севкупниот општествен живот, единствената двојазична и мултикултирна телевизија во етерот, во Куршумли Ан одбележа една деценија од своето успешно работење.

На свечениот прием говор одржа сопственикот на телевизијата Ферик Велија. Тој истакна дека освен радоста за 10 годишнината од основањето на телевизијата се одбележува и сеќавањето на неговиот татко, Веби Велија чиј проект е Алсат – М.

„Веби Велија храбро ја започна визијата за Алсат – М која сигурно се развива“, истакна Ферик Велија додавајќи дека и натаму живее мотото на неговиот татко од отворањето на телевизијата, а тоа е дека „Македонија е на граѓаните, а не на националностите“.

Велија нагласи дека Алсат – М ќе продолжи да работи професионално, со точно известување, како и за повторно враќање на граѓанските вредности во општеството.

Поврзани новости