483
Премиерот Зоран Заев, во интервју за МИА, вели дека најавуваната реконструкција на Владата ќе се случи наскоро.
-Ги правам последните консултации. На разрешувањата треба веднаш да им следуваат и новите именувања. Затоа овој процес не е толку едноставен. Пакетот мора да биде спакуван комплетно. Сакам да напоменам дека реконструкцијата се појавува како потреба и од намерата да го зголемиме и зајакнеме парламентарното мнозинство. Со зголемувањето на парламентарното мнозинство се отвора и шансата за промени таму каде што нема резултати. За мене е сосема логично некој што не може да испорача резултати да биде разрешен или сам да се повлече. Можеби тие луѓе се покорисни на некои други позиции, изјави премиерот Заев.