ВИДЕО: Османи од Бигорскиот манастир го честиташе Велигден

by fokus

Вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи со видео порака снимена пред Бигорскиот манастир на православните христијани им го честита Велигден.

-Денес е ден Велигден, најголемиот и најважниот празник на нашите православни сограѓани. Празник кој претставува симбол на солидарноста, добрината и пред се надежта. Тоа е причината зошто се наоѓам денес овде, во Бигорскиот манастир, може да се рече – еден од најубавите православни манастири во Светот, но и манастир кој во својата суштина претставува и точка на обединување на различностите во Република Македонија. Сите преданијата и легенди зборуваат дека луѓето од добра волја, од сите етнички заедници, Македонци и Албанци, заедно сплотени им пркоселе на предизвиците кои ги носеле времињата, во одбрана и заштита на овој манастир, вели во својата честитка Османи.

Поврзани новости