Тинејџер бил нападнат и прободен со нож

by fokus

Седумнаесетгодишно момче синоќа додека одело по улица било нападнато од двајца насилници, од кои едниот извадил нож и го прободел во ногата.

-Е.С.(51) пријавил дека на 07.04.2018 година околу 22,30 часот додека неговиот син Е.С. (17) се движел по улицата “Ангел Винички“ бил пресретнат од страна на две непознати лица. Едното од нив извадило нож и го прободело во пределот на левата надколеница. Малолетникот бил пренесен во Градската општа болница “8-ми Септември“ за укажување на лекарска помош и од страна на лекар констатирана е телесна  повреда. Се работи на целосно расчистување на случајот, информираат од МВР.

Поврзани новости