Секој заслужува правда, повторување на постапки и одговорност ако се огрешил пред законот. Дел од процесите завршија успешно како Сопот, дел со казни. Овој случај доби повторување. Сите докази, транскрипти беа презентирани пред судот. Процесот е воден на транспарентен начин. Правосудниот систем е тој кој ги носи одлуките, рече дпремиерот Зоран Заев, одговарајќи на пратеничко прашање на пратеникот Скендер Реџепи од Алтернатива во врска со случајот „Монструм“.
-Уште во периодот на објавување на бомбите должност моја беше и како човек и тоа го сторив, сите прислушкувани материјали ги предадов во СЈО. Се отворија предмети и процеси, се реотворија, дел завршија успешно, дел завршија со повторување на казна, нови судски процеси. Ветувањето дека е вредно се за кое постои било каков дополнителен доказ и индиција, впрочем и нашите закони тоа го предвидуваат и Собранието отвори дискусија за посебни законски решенија на оваа тема се со конечна цел – правда, нагласи Заев.
Правдата, посочи тој, е невин да не лежи во затвор, но правда е тој што се огрешил по закон да одговара.
-Ова е еден од случаите во нашата земја кој доби повторување на постапка. Сите транскрипти, т.н. бомби, беа презентирани на јавна седница во судот, сите достапни на јавноста. Внимателно преку јавно достапните информации го следев целиот овој процес затоа што е чувствителен и за семејствата кои ги загубија децата и рибарот, и за луѓето кои се осомничени, и еве повторно осудени, дел ослободени, рече Заев, додавајќи оти процесот е воден на транспарентен начин.
Правосудниот систем, како што нагласи, е тој што ги носи одлуките.
– И ако на кој било начин подгревано, неосновано, ставајќи го самиот систем под прашалник моја должност е да прашам, зошто таа година кога бевме заедно не направивте нешто со мене, затоа што не е наша работа, ниту тогаш ваша, ниту сега наша, ниту тогаш наша. Тоа е работа на јавно обвинителство и судот. Дефинитивно мора да знаеме дека политичарите треба да ги тргнат рацете и од судството и обвинителството. Таму течат процесите, рече Заев.
Процесот, како што вели, беше целосно достапен до јавноста и се гледале сите детали.
-Повторно се направи претсрес на сите докази и излезе аутпут којшто е пресуда на основен суд… Мора да има докази за да работи судот на тоа. Да направиме се што можеме за било кој од случаите, да добие транспретна завршница, но во рамки на правосудниот систем, заклучи Заев, посочувајќи дека со правото на протест излегува вистината и тоа, како што нагласи, е слободарско право во демократски земји како нашата, но, додаде, треба да внимаваме и да работиме за да не загрозиме одредени многукратни други права на било кои од етникумите во нашата земја.